Ламиниираното стакло 4 сезони нуди комфорт и заштеда на енергијата преку целата година. Тоа е производ, кој што држи топло во текот на зимата и ладно во летото. Секогаш се монтира од надворешната страна на стакло-пакетот и лесно се разликува од останатите видови на стакла, затоа што има посебен огледален слој.
Со користење на ламиниирано стакло 4 сезони се намалува загубата на топлина и се намалува студената зона во близината на прозорците, држи идеална температура, комфорт, ја намалува потрошувачката за климатизација и има помала пропустливост на UV-зраци.