Г-дин Селатин Мифтароски како визионерен бизнисмен од Дебар реши да го диверзифицира својот бизнис со градежната индустрија Елма Градба, и во 2018 година, инвестираше во фабрика за преработка на стакло по име Исиглас.
Денес, Исиглас 2018 е добро позната компанија која нуди широк спектар на производи и услуги за компании и поединци. Работе низ целата земја, користејќи најквалитетно стакло комбинирано со најсовремена машинерија и човечка експертиза за да ги направи своите производи уникатни.
Во Исиглас 2018 може да најдете: рамно стакло, термопан стакло, ламинирано стакло, стаклени фасади, обработено стакло (кроење, брусење, фазета, неправилна форма, пескарење, гравирање и калење), продажба на разни видови на нискоемисиони стакла (К-стакла), изработка на стаклени туш кабини, стаклени огради, настрешници, стаклени куполи, маси и други производи од стакло.