Виткање

Виткањето стакло е процес за време на кој стаклото се загрева до температурата на омекнување со помош на печки. Употребата на соодветни калапи овозможува свиткување на стаклениот материјал, додека бавното ладење го заштитува од прекумерна напнатост. Разновидно стакло може да се обработи во безброј варијации каде што секоја крива е единствена.

Користејќи ја оваа технологија, ние нудиме елегантни елементи закривени од стакло во архитектонскиот дизајн кои ги менуваат просториите и локациите, кои обичните работи ги прават ексклузивни.

Брусење неправилна форма

Процесот  на брусење – полирање на рабовите од различни типови на стакло  се прави според потреба  (фазетирање, грубо брусење, брусење без полирање,  брусење со полирање).

Процесот може да се изврши или со механичко брусење на рабовите со употреба на назначени машини или со рачно користење на разновидните рачни алати.

Нашата неодамнешна аквизација е машина со која ги зголемивме производствените капацитети и сме во состојба да брусиме неправилни облици на стакло, во зависност од потребите на клиентите.

Дупки, урези и отвори

Бушењето на стакло е процес на правење дупки од различни пресеци кои се движат од минимум 6 мм во дијаметар до максимум 65 мм во дијаметар, како и производство на едноставни отсеци, за брави, шарки и сл. на посебна машина за бушење на стаклени плочи. Софистицираниот систем со две глави за бушење овозможува прецизно и сигурно бушење, без оштетување и со максимална продуктивност.

Ова се прави од двете страни, што значи бушење одозгора и од одоздола. Од горната страна се буши до 50% и од долната страна до 60%, што резултира во убаво завршена дупка во стаклото.

Лепење со УВ лепак

Лепењето со УВ-лепак е процес на сврзување на стакло со помош на УВ-лепила. Лепилото содржи фоторецептори кои реагираат под УВ-светлината и го зацврстуваат лепилото.

Постојат многу видови на лепила што се користат за различни видови на апликации и фузиони:

  • стакло – стакло
  • метал – стакло
  • водоотпорен
  • УВ-лепилата не се водоотпорни и затоа не се препорачуваат за употреба во околини со висока влажност.

Со усвојување на најнапредните технологии на сврзување на стакло со УВ лепак, се  подобруваат карактеристиките на производство на стакло, зголемувајќи го неговиот квалитет, естетика и безбедност.

Пескарење по шаблон

Пескарењето е процес на декоративна површинска обработка на стакло, каде под висок притисок се исфрла многу ситен и остар песок, кој механички го третира стаклото оставајќи заматен траг.

Изработуваме пескарени продукти по шаблон на секаков вид стакло, може да се пескарат и индивидуализирани цртежи, логоа и имиња.

Пескарење

Пескарењето е процес на декоративна површинска обработка на стакло, каде под висок притисок се исфрла многу ситен и остар песок, кој механички го третира стаклото, оставајќи заматен траг.

Преку овој процес светлината на обработеното стакло се намалува, но поради заматената површина низ него не се гледа јасна слика, туку само контури.

Изработуваме разни дизајни – од едноставни до сложени парчиња или целата површина.  Исто така, иразботуваме и пескарени огледала.

Ламинирање

Под процесот на ламинирање се подразбира процес на соединување на два или повеќе слоеви стакло, добиени со преплетување на еден или повеќе листови пластичен материјал (фолија), изработени во соодветен процес, под комбинирано дејство на топлина и притисок. Ова е сигурносно стакло кое при кршење не се распаѓа.

Може да се направи ламинирање на различни видови стакла со провидни и декоративни фолии во боја, за различни финални продукти како: боено ламинирано стакло, ламиниран под, ламинирана ограда итн.

Кантполирање

Полирањето на стакло овозможува да се направи острата страна на стаклото мазна и / или сјајна, а, исто така, се намалува димензијата за +/- 0,5мм.  При полирање на стакло, постојат повеќе можности за различни резултати.

Заострено полирање на стаклото – главниот дел од сечењето е делумно или целосно автоматски или рачно исполиран,  во зависност од потребната големина.

Со методот на кантполирање правиме различни правилни и неправилни форми со разни дебелини од 4мм до 15мм во зависност оп потребната форма.

Фазетирање

Посебен вид машинска обработка на стакло, кога дебелината се намалува под одреден агол (обработката на рабовите на стаклата се изведува со употреба на кој било агол помал од 90 ° во однос на подрачјето на плочата). Колку е подебело стаклото, толку поголем може да биде ефектот од фазетирањето. Фазетирањето може да се направи од двете страни на права стаклена плоча, и од една страна ако има различна форма. Во зависност од дебелината, ширините на фазетите се достапни од 5 mm до 45 mm.

Овој метод на обработка на стакло резултира со убав естетски детал, пријатен за окото, кој убаво и дискретно се вклопува во најразлични ентериери.

Калење

Процесот на калење или зацврстување на стакло се изведува во две фази. Стаклото се загрева на температура над 600°C и потоа се лади со внимателно контролирана брзина,  под голем притисок.  Пред-третманот на стаклото (сечење, брусење, бушење) мора да се изврши пред постапката на калење. Секоја последователна обработка на стакло не е можна. Можеме да ги искалиме стаклените плочи од 6мм до 15мм во дебелина и 2000*3600мм во големина.

Со калење на стаклото, можеме да ја зголемиме структурната јачина за фактор од 4. Тогаш, истото станува безбедносно стакло, кое се распаѓа на фрагменти без остри рабови.

Сечење

Процесот на сечење стакло се изведува на автоматизиран начин. Таблите стакло, со џамбо или стандардна големина, се ставаат на мобилен мост, а потоа минуваат на фиксна површина пред да бидат исечени од специјализирана машина за сечење стакло, и на крај, последниот чекор е рачна операција за сечење.

Ние нудиме стакло и полу-готови производи за употреба во различни области: изградба, сечење и брусење на стакло во големини и димензии што ги бара клиентот. Ние сме во состојба да извршиме сечење на стакло од различни степени, во зависност од дебелината, квалитетот и персонализираните карактеристики.