Каленото стакло е познато и како сигурносно стакло, затоа што е за пет пати појако од некаленото обично стакло и наоѓа широка примена во архитектурата, поточно се користи за изработка на стаклени огради, целосно стаклени врати, преградни ѕидови, стакло за надворешни врати и прозори, фасадно стакло, изработка на стаклени туш кабини, различен мебел по желба на клиентот.
При кршење, каленото стакло се распаѓа на ситни парчиња и истовремено заштитува од исекотини и повреди.