Стаклените подови се изработуваат од калено и ламинирано стакло (безбедносно стакло). Стаклото може да биде изработено со транспарентна фолија или декоративна, односно фолија во боја.
Ова стакло е издржливо и отпорно на пукање, а доколку се случи да пукне, не се крши, односно останува цело.